За Скара Бар

Извонреден спој на прекрасна храна и жива музика во ексклузивниот амбиент на СкараБар, со мајсторите на македонската традиционална кујна и прекрасните звуци на македонската песна.

За СкараБар

СкараБар е првиот отмен ресторан за вистинските мераклии. Гостилницата СкараБар со својата карактеристична национална кујна ве кани да дојдете и уживате во големиот избор на традиционални јадења, но нуди и нешто сосема уникатно, за прв пат во Македонија. Големите мераклии и гурмани можат самостојно да си ја подготват својата скара на ќумур на една од неколкуте Грил - маси.

Кај нас може да добиете се: од предјадења и дневни специјалитети, чорби, гравче, сарми и други готвени јадења, до јадења под вршник, старинско лепче, пинџур... до најмодерни специјалитети, печења, риба и морски плодови, сосеви, проследени со најквалитетни вина и десерти. Наши редовни гости се најголемите мераклии и боеми - од истакнати академци, глумци, естрадни личности, режисери, спортисти, политичари, амбасадори... Во менито на СкараБар има голем избор на домашни и странски пијалоци, алкохолни и безалкохолни.

СкараБар ви нуди прекрасен начин да го започнете денот, пријатно да го поминете својот деловен ручек или незаборавно да ја завршите вечерта со жива музика, со мајсторите на прекрасната македонска песна.

Добредојдовте!